Бутарис: Заев сам се покани да дојде во Солун за Нова година


Премиерот Зоран Заев за новогодишните празници ќе оди во Грција по покана на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, потврди вчера владиниот портпарол Миле Бошњаковски на редовен брифинг со новинарите.

– Премиерот Заев ќе оди, но посетата ќе биде во форма на приватна посета, значи нема да биде официјална државна посета – изјави Бошњаковски

Бутарис, пак, тврди дека не го поканил Заев, туку македонскиот премиер сам се поканил.

„Јас не го поканив, всушност тој се самиот се покани“, изјави за „Вима“ градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

„Кога го посетив Скопје во ноември, се запознав со него и ми кажа дека сака да ја помине Новата година во Солун. Му реков да дојде, времето ќе биде добро и ќе помине убаво… Не помислив дека ова ќе го сфати како формална покана. Сега дознав дека повеќе од 15 негови пријатели резервирале соби во хотелот ‘Македонија палас’ во Солун. Јас не се вклучив во тоа. Ако ми се јави, ќе одам да го видам, ако не, нека ја помине Нова година со своите пријатели“, вели градоначалникот на Солун.