Бутарис: Вревата што реков Македонија ме остава рамнодушен


Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, коментирајќи ги критиките што ги доби откако вчера во Скопје ја нарече земјата Македонија , рече:

“Чудната врева што се создаде бидејќи реков “Македонија” ме остава сосема рамнодушен. Повторното оживување на ваквите инциденти е лошо за овој обид да се развијат подобри односи. Пред да заминам разговарав со министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, кој нè поттикна да соработуваме со Скопје. Секој обид да се расипе оваа работа е исто така опасен на национално ниво, бидејќи позицијата на Грција е сложено име. Кога имаме квазипатриоти, сè што можеме да направиме е да продолжиме со спорот што мора да престане. Да го запреме спорот и да пронајдеме решение. Сите псовки што ги слушам ме остават рамнодушен “.

Шефот на опозициската група во градскиот совет на Солун и пратеник на Нова Демократија, Ставрос Калафатис, изјави:

“Градоначалникот на Солун уште еднаш го употреби името Македонија за соседната земја. И тоа го стори во изјава пред сите медиуми во таа земја. Се тресеме на идејата за она што е кажано во разговорите зад сцената, во очајнички обид да добие политичка егзистенција. Изјавите на градоначалникот се опасни за националните инереси на Грција “, порача тој.