Бугарскиот патријарх: Да ја прифатиме подадената рака од Македонија


Треба да ја прифатиме подадената рака од македонија, изјави бугарскиот патријарх Неофит утрово, кога влезе во Светиот Синод, јави агенцијата БГНЕС.

Поглаварот на Бугарската православна црква и митрополитите се собраа на вонредно заседание на зимската сесија, на кое го разгледуваат писмото од Македонската православна црква (МПЦ), во кое МПЦ бара да биде признаена како независна црква, а БПЦ да биде нејзина мајка – црква.

И покрај ладното време, пред Синодот на БПЦ утрово се собраа граѓани на „тивко бдеење“ како поддршка на барањето БПЦ да биде мајка – црква на МПЦ, пренесе БГНЕС.