БПЦ ја прифати понудата на МПЦ


Бугарската православна црква ја прифати понудата на Македонската православна црква – Охридска архиескопија да и стане црква – Мајка. На денешното заседание на Синодот на БПЦ, беше заклучено дека „БПЦ никогаш не била рамнодушна кон страдањата на МПЦ“.

„Во ситуација кога Македонската православна црква ја признава Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија за своја црква – Мајка, БПЦ – БП го смета за своја света должност ангажманот да понуди целосна соработка, посредство и застапување пред помесните православни цркви, превземајќи се што е неопходно за утврдување на канонскиот статус на МПЦ“, пишува во одлуката на Синодот на БПЦ што ја пренесува агенцијата БГНЕС.

Се огласи и Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА, од каде изразија благодарност до бугарскиот патријарх Неофит и до членовите на Светиот архиерејски синод на БПЦ.

„Донесеното решение на САС на БПЦ дава надеж за конечно решавање на статусот на легитимната автофекалност на Македонската православна црква во семејството на Помесните православни цркви. Очекуваме, и во иднина, Бугарската православна црква на МПЦ-ОА да ѝ биде постојан сотрудник во остварувањето на потребната богоугодна цел“, се вели во соопштението од МПЦ-ОА.

Од МПЦ-ОА посочуваат дека двете цркви имаат одговорност пред своите едноверни, благочестиви и православни народи кои споделуваат мноштво заеднички христијански вредности низ вековниот опстој.