Бошњаковски: Одлуката за 30-дневен притвор за Ристевска е престрога


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристевска за Владата делува престрого во однос на стореното дело.

„Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите други прашања, така и за ова е отворена за дискусија со сите заинтересирани страни“, рече Бошњаковски