Бошњаковски: Историски ден и за Европа
Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА.
– Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го држеше назад целиот регион. На прагот сме да го решиме и верувам дека сѐ ќе се одвива нормално во имплементирањето на договореното до крајот на декември, вели Бошњаковски во пресрет на денешното потпишување на договорот во Преспа, меѓу Македонија и Грција.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на прашањето дали од денес започнува нов ден, владиниот портпарол вели дека со почетокот на преговорите почнаа нови денови.
– Многу малку луѓе веруваа во преговорите како што веруваа премиерот Ципрас и премиерот Заев. Покажаа силна волја и посветеност за напредокот во преговорите, кога многу малку луѓе и во двете земји беа оптимисти дека ќе постои решение. Сега имаме договор што секако е компромис и веројатно не е прифатлив за сите во двете земји, но е целосно прифатен од прогресивните демократските сили кои во моментов го водат Балканот кон економски напредок, вели Бошњаковски