Бошковски си оди од „енергетика“, доаѓа Панче Орцев


Собранието, на седницата на 25 декември, треба да гласа за предлогот на Владата за разрешување на Дејан Бошковски од член на Регулаторната комисија за енергетика. Паралелно, парламентот треба да се произнесе и за владиниот предлог за нов член на Регулаторната комисија да биде избран Панче Орцев, поранешен пратеник на СДСМ од Струмица.

Поради истекување на мандатот, од Регулаторната комисија за енергетика, заминува и Елена Маркова Велинова, додека за Бошкоски, кој беше претходно директор на ЕЛЕМ, како причина за предлогот за разрешување е наведено неисполнување на условите од Законот за енергетика.

Според образложението на Владата, Бошковски не го исполнува условот најмалку една година пред назначувањето за член на Регулаторното тело да не бил член на надзорен или на управен одбор или на одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска дејност, односно дејност – управување со води.