Божик 7 јануари неработен за сите граѓани


Првиот ден на Божик според православниот календар, 7 јануари, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството им го честитаат Божик на граѓаните од православна вероисповед.