Бејли: ’Турски тек‘ не е решение за загаденоста


„Не се работи за твитер војна. Ги прашавме македонските граѓани за краткорочните мерки за чист воздух. Уште еден руски цевковод нема го постигне тоа. САД ја поддржува Македонија во желбата за снабдување со гас на македонските градови и разноликоста во снабдувањето со гас во Македонија и Европа“, напиша американскиот амбасадор Бејли на својот профил на „Твитер“ како одговор на „преписката“ што ја води со руските дипломати во земјава.

Како што е познато, амбасадата на САД објави фотографија на која едвај се гледа објектот поради густата магла во Скооје и праша кои се идеите на граѓаните за почист воздух. Од руската амбасада само кусо возвратија: „Турски тек“, алудирајќи на системот за гасификација, на кој се противи администрацијата во Вашингтон.