Бесплатен јавен превоз за „Бела ноќ“


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, информира дека по повод манифстацијата „Бела Ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.

Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота (6.10.2018 година), до 6 часот во недела (7.10.2018 година).