БЕСА најавува конгрес на 28 февруари 2018


Три години по формирањето, Движењето БЕСА ќе го одржи првиот партиски конгрес кој е закажан за 28 февруари 2018 година. Одлуката паднала во текот на викендот, кога расправаше партискиот врв, оценувајќи ги последните локални избори.
„Приклучувањето на БЕСА на политичката сцена донесе нов дух во албанскиот политички блок, станувајќи првата албанска партија што има воспоставено силни политички и морални принципи во политиката. Ставот на членовите на Централниот совет беше дека на БЕСА сега му е потребен Конгрес со цел да се консолидираат и да ги зајакнат редовите “, изјавија од БЕСА.
Оваа партија на неодамнешните локални избори победи само во една општина, и покрај амбициозните најави дека ќе имаат градоначалници во голем дел на општините, вклучувајќи го и Тетово, каде што кандидат беше нивниот лидер, Билал Касами. Н.П.