Беса дава еден пратеник за мнозинство


Додека се чека почетокот на собраниската седница за последната фаза на уаставните измени, во политичките кругови, се шпекулира дека Беса на Билал Касами и премиерот Зоран Заев постигнале договор за барањата на албанската опозициска партија.

Во кулоарите се зборува дека направен е договор, еден од двајцата пратеници на Касами да гласа За, а другиот да биде против. Наводно, Теута Билали, ќе дигне рака за договорот со Грција, додека пак Фадил Зендели ќе биде против, имајќи предвид дека официјален договор не е постигнат.

Извори од владејачкото мнозинство тврдат дека мнозинство за Преспанскиот договор има, дури и Беса да не гласа.

(Г.А.)