Ахмети по повод 11 Октомври повикува Македонија да го заокружи патот кон ЕУ и НАТО


Лидерот на ДУИ Али Ахмети во денешната честитка по повод 11 Октомври порачува дека Македонија сега има неповторлива можност да ја продолжи посветеноста на своите предци и да го заврши заедничкиот долг и макотрпниот пат кон интеграцијата во НАТО и Европската унија.

– Нашите денешни напори се само продолжение на напорите на нашите предци кои се построија на исправната страна на историјата и победија. Храброста и жртвувањето на паднатите борци и ветераните треба да ни послужи како патоказ за денешните одлуки зашто пред нашата генерација стои важна одлука за тие што ќе дојдат по нас, стои во честитката.

Според него, заедничките напори, тие пред 77 години и овие денес, секогаш победуваат зашто го претставуваат правиот пат, патот на единството, слободата, мирот, безбедноста и стабилноста, како и добрите меѓуетнички односи.

– Во духот на историските заеднички напори за слобода да дејствуваме заеднички за мирна, стабилна и сигурна иднина, со храброст, визија и одлучност за иднината на нашите генерации, апелира Ахмети.