Ахмети остава отворена врата за консензуален претседател со СДСМ


Лидерот на ДУИ Али Аџмети, по средбата со премиерот Зоран Заев, изјави дека е подготвен на тоа да се договори со Заев да излезат со консензуален кандидат заедно со СДСМ, пренесува Алсат-М.

Одржав средби со претседателот на најголемата партија во земјава г. Зоран Заев и ја анализиравме целата ситуација и остана јас да дискутирам, да го отворам како прашање во партиските органи и да се види можноста за некаков пат за санирање на недоразбирањата кои се случија меѓу нашите партии, за да можат да се надминат. И за доброто на земјата би било да имаме заеднички кандидат и да се разговара со сите политички субјекти за да се постигне консензус“, рече Ахмети.

Ахмети додаде дека доколку се надминат недоразбирањата меѓу ДУИ и СДСМ, тогаш ќе се дискутира и за можните имиња за кандидат. Од друга страна, премиерот Зоран Заев додаде дека партискиот конгрес ќе се одржи на 3 март и тогаш ќе одлучат со кој кандидат ќе се оди на изборите.