Ахмети не сака референдум за името, бидејќи може да пропадне од разни надворешни влијанија


Лидерот на Демократската партија за интеграција Али Ахмети на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на „Канал 5“ телевизија истакна дека нивниот став да не се оди на референдум е таков бидејќи референдумот може да пропадне од разни надворешни влијанија кои би манипулирале со граѓаните со моќни патриотски фрази.

– Се уште има сили водени од геостратешки интереси кои може да манипулираат. Не сите ја сакаат иднината и мирот во Македонија. Во регионот има групации кои не и сакаат добро на Македонија, рече Ахмети.

Доколку референдумот биде успешен, Ахмети очекува дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи уставните измени. – Ако референдумот биде успешен, а треба да биде, подобро ќе биде опозицијата да гласа за уставните промени кои мора да се случат. Ако опозицијата не учествува во ваков процес и секоја постапка против е како да одат против волјата на граѓаните, рече Ахмети.