Ахмети: Имавме тежок почеток, но успешен крај на годината


Во нашите проекти без помошта, ангажманот и олеснувањето на меѓународната заедница немаше да стигнеме тука каде што сме, рече претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети на новогодишното обраќање пред партиските членови.

-Имавме тежок почеток на годината, но успешен крај. Гледате дека пред вас се столбовите на нашите достигнувања, почнувајќи од поканата за во НАТО и добрата вест за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ, Законот за јазиците, односите со соседите. ДУИ секогаш инвестирала во просториите на Југоисточна Европа да доминира мир, стабилност, сигурност. Сме имале многу контакти од бугарски институции и тој договор се постигна. Сме имале контакти со грчките власти. Ние не бевме страна за комплицирање на процесот, туку бевме страна која охрабрува и продонесува за да споровите со грчката страна еднаш засекогаш да се затвораат и овој договор се постигна во Преспа. Регионот има потреба за повеќе мир, стабилност, безбедност, благосостојба и иднина, изјави Ахмети.

Претседателот на ДУИ рече дека останала една  нерешена црна дупка прашањето Косово-Србија и додава дека двете страни треба да најдат енергија за да постигнат корисно решение.

Ахмети нагласи дека на 9 јануари почнува градењето на поновата историја, додека опозицијата од двете држави треба да биде дел од овие одлуки.

-Затоа ја повикуваме опозицијата од двете држави да се вклучат во решавачката игра за крајниот успех. На 9 јануари почнува седницата за градење на поновата историја на оваа организирана држава и признаена од сите структури како НАТО, ЕУ. Затоа, опозицијата од двете држави да не ја искористуваат оваа толку важна и одлучувачка ситуација за нивниот политички и партиски кредибилитет, бидејќи не е моментот ние да ги искористуваме овие важни моменти за проширување на политичките партии и овој историски момент се одлучува за иднината на низа геренации, се одлучува за една почитувана држава од меѓународниот фактор, нагласи Ахмети.

Во однос со претседателските избори, тој рече дека ДУИ е конзистента во своите ставови и дека сакаат претседатек кој ќе биде договорен од сите, но додаде дека суште немаат конкретно име за кандидат за претседател.

Тој најави дека меѓу приоритетите за наредната година остануваат: порастот на квалитет и вредностите, здравството, животната средина, владеењето на правото.