Ахмети: Денешниот ден е посебен за сите


Денес жнееме она што го засадивме низ децении зад нас, пишува претседателот на ДУИ, Али Ахмети во својот профил на Фејсбук,  по потпишувањето на Протоколот за влез на Македонија во НАТО во Брисел.

„Денешниот ден е посебен за секој од нас, за земјата, за регионот, но и за евроамериканската заедница, на заедничките демократски вредности. Денес треба да бидеме горди што ги доживуваме овие денови заедно и имаме можност да градиме иднина“, пишува Ахмети во својот статус.