АХВ: Од пазарот се повлекува храна за доенчиња на „Лакталис“


Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за повлекување и отповикување на производот,  млечна храна за  доенчиња со трговско име Picot SL и тоа производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex -12, Celia  Expert 2 со сериски броеви: 17С0013095; 17С0012806 и 170012838 по потекло од Франција, фабрика Лакталис, а  увезени во Република Македонија преку фирмата „Промедика“.

Информацијата е добиена преку РАСФФ-системот за брзо информирање за небезбедна храна на Европската Унија.

Потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.