АСО:Поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возачот
Со цел точно информирање на јавноста во интервјуто на претседателот на АСО, Климе Попоски даден за МИА, Попоски посочи „Веќе имаме нова регулатива во нацрт верзија и треба да отпочнеме дијалог со индустријата и заеднички да се подготвиме околу нејзиното целосно транспонирање преку нов закон за осигурување. Согласно националната програма за усогласување со европското законодавство предвидено е до крај на 2019 година веќе новиот закон да добие светло„ изјави Попоски во интервју за МИА.
Сакаме да ја информираме јавноста дека со оваа нова законска регулатива значи усогласување со европската директива за осигурување позната како Солвентност 2 и никако не е поврзана со прашањата за осигурување од автоодговорност и зелена карта.
Во истото интервју претседателот на АСО, Попоски изјави дека прашањето за зелената карта како дел од полисата за автоодговорност при регистрација на возила, како и прашањето за либерализација на цените ќе стапат во сила со влез на Македонија во Европска унија. При тоа, останува како можност Владата да донесе одлука овие две прашања да се имплементираат и пред влез во Европска Унија, во периодот на отпочнување на преговорите за пристапно членство.
Агенцијата за Супервизија на осигурувањето ја информира јавноста дека поседувањето зелен картон останува лично право на избор на возочот, како и до сега.