Арсовски: Во Македонија нема правда


Отфрлањето на кривичната пријава за оддавање службени тајни на советникот на Оливер Спасовски, Драган Симоновски, од страна на Јавното обвинителство е уште еден пример дека во Република Македонија нема правда и дека не се сите еднакви пред лицето на правдата, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него ова е уште еден пример во низата во кој Јавното обвинителство не постапува по индиции за криминал и е причина за смена на републичкиот јавен обвинител, која што ја бара ВМРО-ДПМНЕ.