Анкета: Граѓаните не сакаат амнестија за „27 април“ и предвремени избори


Мнозинството граѓани не сакаат амнестија за упадот во Собранието од 27 април, покажа најновата анкета на ТВ Телма и МЦМС што ја направи агенцијата М-проспект.

На прашањето „Дали сметате дека е потребна амнестија за политичко помирување во земјава“, 56,9 проценти од анкетираните рекле дека не е потребна амнестија, туку спроведување на правдата.

Вкупно 24,8 отсто од граѓаните сметаат дека амнестијата ќе донесе политичко помирување. Останатите одговориле со „не знам“ или одбиле да дадат одговор.

Граѓаните не сакаат ниту избори. Мнозинството од речиси 59 проценти сметаат дека вонредните избори не се решение за политичките случувања во земјата,  додека 33,5 отсто сметаат дека се.

Анкетата е спроведена телефонски, од 7 до 15 ноември, на 1.014 испитаници, а покрај ставот за овие прашања, го измери и рејтингот на партиите и  на политичарите.