Амди Бајрам кандидат за претседател од Сојузот на Ромите


Амди Бајрам влегува во трката за претседател на државата. Лидерот на Сојузот на Ромите ја добил поддршката од партијата на синоќешниот Централен одбор.

„На седница на централниот одбор на Сојузот на ромите беше одлучено за единствен кандидат за претседател на Македонија да го кандидира лидерот Амди Бајрам“, стои во објавата на Аднан Мемеди, член на Централниот одбор на Сојузот на Роми, на Фејсбук.

Бајрам е актуелен пратеник во македонското Собрание и најави дека ја прифаќа номинацијата од највисокото партиско тело.