Амбасадата на САД го честита потпишувањето на Протоколот за НАТО


Амбасадата на САД во Скопје преку Фејсбук го честиташе денешното потпишување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

-Честитки за овој историски чекор, пишува на на фејсбук статусот на Амбасадата.

Амбасадорот Џес Бејли и вработените во Амбасадата заеднички го следеле потпишувањето на Протоколот.

Меѓу 29-те потписници на Протоколот за членство на Македонија во НАТО денеска во Брисел, беше и потојаниот претсавник на САД во Алијансата Кеј Бејли Хачинсон.