Алијанса: Не сте способни да го решите ни загадувањето во болницата во Чаир


Алијансата на Албанците реагира до раководството на болницата во Чаир, како и до министерот за здравство, Венко Филипче поради неуспешниот обид да го решат проблемот со загадувањето што го продуцира оваа здравствена установа.
„Изминатите денови голем број загрижени граѓани реагираа за црниот чад испуштен од оџаците на болницата за гинекологија и акушперство ‘Мајка Тереза’, ширејќи се разни вести дека таму се согорува медицински отпад за потребите на централното греење на болницата, па до оние дека станува збор за десетгодишен проблем, централно греење со систем постар од 50 години со оџаци без филтри кои три години го загадуваат воздухот и го загрозуваат здравјето на бремените жени и на новороденчињата.
Раководството на болницата, составено од безобразни и сервилни лица, сакајќи да ја сокријат екстремната неспособност, ја префрлуваат вината кај најуспешниот министер за здравство – Арбен Таравари, презентирајќи му го на актуелниот министер барањето за решение на овој проблем во јули 2017 година со прикривање на истото барање што го испратиле на поранешните министри – .Бујар Османи и Никола Тодоров.
Го потсетуваме фамозното раководтсво на оваа многу важна институција во алката на јавното здравство, дека:
– овој проект чини само 150.000 евра (10 години по 15.000 евра);
– Арбен Таравари беше министер од редовите на на Алијансата за Албанците неполни 100 дена без усвоен буџет,
– повторуваме, безобразни сте заедно со вашите ментори кои подаваат рака за соработка полна со отров и
– по парламентарните избори ќе се уверите како овој проблем го решава Алијансата за Албанците“, велат од партијата на Зијадин Села.
Од таму му се обраќаат и на министерот за здравство, Венко Филипче и го советуваат да не се занимава со Таравари, туку да се фокусира на реализација на ветувањата на неговата партија и да престане со последователните афери кои ја покажуваат неговата јаловост.
„Колега Венко, биди маж и почни да работиш, зашто сѐ уште не ни одговори за тендер аферата за набавка на тестови и реагенси, аферата со централизацијата на лабоираториите, аферата со педиатрсиката кардиохирургија, потоа со несоодветниот одговор за спречување на емиграцијата на лекари и здравствените соработници, епидемијата со мали сипаници. Каде е законот за дејноста на лекарите и здравствените соработници, зошто не се издвоени средства за изградба на нов Клинички центар, зошто се одлага изградбата на Клиничката болница во Штип, кога ќе започне изградбата на градската болница во Струга … Неслучајно сме изјавиле дека поранешниот советник на Тодоров не може да раководи еден вака чувствителен и комплексен ресор“, посочуваат од Алијанса за Албанците.