Алијанса за Албанците: Продолжува епидемијата на убивање надеж кај младите лекари


Алијансата на Албанците обвинува дека има енормна миграција на младите лекари од Северна Македонија во последната декада, која добива размери на епидемија во едно општество која поминува од проблем во проблем, од скандал во скандал, ненаоѓајќи крај на проблемите и прекинувањето на овој канцер со несогледливи последици за здравството на населението во блиска иднина.

„Почнувајќи од огласите за вработување во градските болници во Кичево, Битола, Гостивар, “8 Септември” и др. овој феномен се шири без контрола и се повторуваше и во минатите недели. Во Универзитетската Клиника за Нефрологија во Скопје примени се тројца лекари и три мед. сестри, од кои ниту еден Албанец и покрај фактот што имало кандидат кој ги исполнувал условите, а Клиниката нема вработен ниеден лекар Албанец.

Најсвежиот скандал е во Клиничката болница во Тетово, каде после завршувањето на тестирањето објавени се резултатите и утредента истите едноставно исчезнуваат и место нив се објавуваат нови резултати, каде се елиминирани првичните кандидати кои ги исполнувале условите за прием и место нив се ставени кандидати кои не го поминале бодовниот лимит или воопшто не учествувале на огласот. Како пример за неправедност е случајот на колешката Вјоса Илјази од Тетово, која беше второрангирана со 74.80 бодови но елиминирана од страна на комисијата на Клиничката болница во Тетово без да биде дадено конкретно образложение што е преседан и неприфатливо за “граѓанско” и ”демокрастко” друштво“, се вели во партиското соопштение.