Албанија во четврток ќе го ратификува Протоколот за пристап на Македонија во НАТО


Комисијата за Закони на албанскиот Парламент едногласно гласаше за Протоколот за пристап на Македонија кон Северноатлантската алијанса. Со целосен консензус, опозиционите и мнозинските членови гласаа за Протоколот, кој го отвора патот за Македонија да се приклучи на оваа алијанса како 30 – та членка.
Ова одобрение му дава зеленото светло на албанскиот парламент, во четврток, кога исто така, се очекува да се ратификува едногласно ова ново поглавје за Македонија. На седницата во четврток, во албанското Собрание, се очекува да биде присутен и претседателот на македонското собрание Талат Џафери. Постигнувањето на договор меѓу Грција и Македонија се смета за позитивен чекор, кој дава гаранција за мир и просперитет на Балканот.