АЗНПМ: Барањето за укинување на добиената помош од Владата на Македонија кон весникот Заман, е непримерно во демократскиот свет


Асоцијацијата на печатени медиуми (АЗНПМ) најостро го осудува однесувањето на Турската Амбасада во Скопје против весникот Заман.

„Барањето за укинување на добиената помош од Владата на Македонија кон весникот Заман, е непримерно во демократскиот свет и е директен удар кон слободата на медиумите во нашата држава.

Обвинувањата за наводна поврзаност на Заман – Македонија со некоја терористичка организација, се додека истите не се докажат пред судовите во Македонија, не можат да бидат повод за нивно јавно линчување. АЗНПМ со жалење ја прими и одлуката на весникот Заман да се откажа од добиените средства од Владата, во рамките на владината програма за помагање на сите печатени медиуми во Македонија.

Ги уверуваме нашите колеги од Заман дека АЗНПМ ке застане цврсто во одбрана на нивното демократско право за непречено информирање.

Истовремено бараме од сите домашни и странски институции, најостро да го осудуваат ова однесување на Турската амбасада во Македонија„ се вели во соопштение на АЗНПМ