Адвокатите „благодарни“ на Кацарска: Незапаметено водење на постапката


Аплуази се слушнаа во салата ка Кривичниот суд во Скопје каде во тек е судењето за случајот „27 април“. Адвокатот Сашо Дуковски ја замоли судијката Добрила Кацарска да го прифати распоредот на сведоци, што беше удоволено со забелешка дека користел тивок тон само кога имал корист од судот. На ова, адвокатот Дуковски му за заблагодари на „чесниот суд за пречесно водење на постапката, кое е незапаметено досега“.

„Ако некој ме праша за постапувањето на судијката во текот на постапката, веднаш би кажал дека може да напредува неколку скалила погоре“, рече адвокатот Дуковски, по што доби аплауз од обвинетите.

Кацарска искоментира дека направил театар, но овојпат нема да го казни.

Претходно, сведочеше владиката Пимен, кој рече дека обвинетиот Богдан Илиевски алијас Бетмен велит е неговото духовно чедо. Тој го пофали Илиевски дека за време на протестите го смирувал народот, а потоа го собирал ѓубрето по улиците.