Агенција за лекови бара повлекување на лекот „Медаксон“


Министерството за здравство доби известување од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства со кое укажуваат на донесена одука за времено стопирање на употребата на лекот „medaxone“ (ceftriaxone) 2 g прашок за раствор за инјектирање или инфузија на производителот „medochemie“  Ltd – Кипар, заради појава на сериозни несакани реакции.

„Од Ваша страна потребно е целокупната количина на лекот со која располага Вашата установа да ја ставите во карантин“, спои во известувањето на Агенцијата за лекови и медицински средства, до министерството за здравство.

Препорачаната мерка карантин ќе остане во сила се до добивање на дополнителни препораки од страна на Агенцијата за  лекови и медицински средства.

.