Автобуската постојка кај Јаја-паша преместена кај ОУ „Лирија“


Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП-Скопје ја информира јавноста дека од денеска автобуската постојка кај џамијата Јаја-паша кон Бутел е поместена за стотина метри после пешачкиот надвозник, односно стојалиште сега е пред ОУ „Лирија“.

Поместувањето на постојката е поради безбедносни причини.

На претходната локација, поради голема фрекфенција на луѓе и возила, често се случуваа незгоди, соопштија од ЈСП.