АВМУ со осуда за нападите врз новинарите


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди вчерашните напади врз медиумските работници, приведувањето новинари, но и непрофесионалното однесување на некои новинари.

– Медиумските работници мора да бидат ослободени од секаков вид на притисоци и да им се овозможи непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес. Меѓутоа, истовремено, новинарите при известувањето мора да обезбедат професионална дистанца, непристрасно и избалансирано известување. Во овој контекст, Агенцијата апелира да не се применуваат облици на непримерна комуникација со јавноста, а уште помалку да се поттикнува насилство по било која основа, се наведува во соопштението од АВМУ.