Седницата одложена за 15 часот


Почетокот на седницата на која е неизвесно дали ќе се гласа за пристапување кон уставните измени која требаше да стартува во 12 часот се одложи за 15 часот.

На листата на говорници се останати уште 15-ина дискунтатни. Меѓу нив може да се забележат имињата на Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија и Нола Исмаиловска од ВМРО-ДПМНЕ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на кординација во средата одлучија да се откажат од дискусија.

Во зградата на Собранието се присутни најголем дел од пратениците од овој собраниски состав, како и премиерот Зоран Заев чие присуство беше најавено на пленарното заседание.

Во салата каде што се одржуваат пленарните седници на своите места веќе се пратениците од владејачката СДСМ и нивните коалициски парнтери, дел од пратениците на ДУИ, а надвор во ходникот пред салата се и дел од пратениците од опозицискаста ВМРО-ДПМНЕ.

Одредени медиуми јавуваат дека веќе е обезбедено двотретинско мнозинство, но за оваа информација засега нема никаква потврда во Собранието.