Ќе се формира нов совет за следење на стратегијата во правосудството

На денешната владина седница, премиерот Зоран Заев најавил дека до крајот на јануари ќе се формира ново тело – совет за следење на имплементација на стратегијата во правосудството за период 2017 – 2022, со кое ќе претседава лично тој, а во насока на преминување во делот 9 од планот 3-6-9.

Воедно, Заев, како што е соопштено, им се заблагодари за завршената успешна работа на членовите на Советот за реформи во правосудството, кој работи во рамки на Министерството за правда и чии членови беа активно вклучени во изработка на Стратегијата, како обврска предвидена во деловите 3 и 6 од планот 3-6-9.