Ќе се укине роамингот меѓу Македонија и Бугарија

Ќе се укине роамингот меѓу Македонија и Бугарија. Со утрешното потпишување на Меморандумот за разбирање, Регулаторните тела ќе ја започнат процедурата за пад на цените на разговорите кога Mакедонците патуваат во Бугарија и обратно. Првиот човек на АЕК вели, многу скоро, а а можно е и до крајот на годината, цените драстично да се намалат, односно кога корисниците  зборуваат  на мобилен  во соседната земја, да плаќаат иста тарифа како дома.

„Интенцијата е зборувај во странство како дома, односно кога македонците патуваат во Бугарија да плаќаат исто како кога се дома, тоа значи дека нема да се наплаќаат дополнителни услуги, но тоа треба да се утврди на ниво на Регулаторни тела меѓу Македонија и Бугарија и меѓу самите оператори. Сепак ќе има драстични намалувања, кои ќе тежнеат кон потполно укинување на роамингот, односно да се плаќа нула денари за разговори во  странство“, изјави Сашо Димитријовски, директор на Агенција за електронски комуникации

Еден од приоритетите на Бугарија која ќе преседава со Унијата  наредната година  е да се намалат цените на роамингот со земјите од Западен Балкан. Македонија е првата со која ќе потпишат договор.  За што поскоро укинување на роамингот има интерес и кај  македонските и кај  бугарските оператори.

„Ставот на македонски и бугарските оператори е доколку услугите за роаминг граѓаните не ги користат, затоа што роамингот е прескап,  во секој случај ќе биде бенефит ако корисниците почнат да ги користат. Во моментов, вие кога патување во Бугарија го исклучувате  роамингот, за да не  плаќате високи сметки. Се е подобро од нула приходи“, додава Димитријовски

Во моментов, минута разговор кога македонците зборуваат во Бугарија изнесува од 76  до 150 денари, во зависност од операторорот.