И СЈО стана дел од работната група за исполнување на барањата на Прибе

Владата денеска донесе одлука да ја дополни работната група за исполнување на препораките на Рајнхарт Прибе во однос на прислушкувањето и враќање на владеењето на правото.

Оваа одлука, како што информираат од владината прес-служба, е донесена врз основа на увидената потреба во нејзината работа да бидат вклучени и претставници од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и експерти од земјата и странство кои ќе се повикуваат по потреба.