Ќе се зголемат платите и дежурствата на лекарите, ќе се вработат 348 специјализанти

Ќе се зголеми надоместокот за ноќни дежурства на лекарите и медицинските сестри на скопските клиники и во сите болници. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека од наредната година дежурство кое сега се плаќа од 900 до 1.340 денари во работен ден, од март или април ќе биде платено 2.500 до 3.000 денари. Викенд дежурството кое сега изнесува околу 2. 900 денари ќе се зголеми на 4.000 денари.

Обезбедени се и средства за зголемување на платите за пет отсто на сите здравствени работници во втората половина на 2018 година. Исто така, ќе се вработат и 348 приватни специјализанти, кои ќе земаат плата во висина на минималната плата гарантирана за општ лекар.  Филипче.

Филипче најави дека на докторите ќе им понудат подобри опции за едукација преку соработка со познати универзитетски центри во Европа.