Јоханес Хан утре во Скопје

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре доаѓа во дводневна посета на Скопје. Во текот на посетата тој ќе има средби со претставници на политички партии и со премиерот Зоран Заев.

Главна тема на средбите ќе биде спроведувањето на реформските приоритети и имплементацијата на планот „3-6-9“. Дводневната посета се очекува да ја заврши со прес-конференција, на која ќе даде оцена за постигнатиот прогрес и за разговорите со политичките претставници.