Јовановска до Јанкулоска: Кога договараше да ги сотрат моите две деца, не помисли на права


Билјана Јовановска, претседателка на ПЕП21 и актуелна директорка на Агенцијата за вработување, ја потсети Јанкулоска на зборовите „да ги сотреме“, кои се однесуваа на Јовановска и нејзиниот сопруг Томче.

– Сѐ најубаво посакувам за нејзиното дете. Но жалам – не можам да жалам. Простете, но никогаш нема да простам. Јанкулоска, кога со Протуѓер договараше да ги сотрат моите две деца не помисли на правата на мајката и на правата на децата. Кога моите две деца на возраст од нешто повеќе од една година ги остави без приходи, со кредити и долгови, не помисли дека ќе имаат стресови и трауми. Кога не малтретираа со полиција, судски процеси, не беше загрозување на правата на една жена, мајка и малолетни деца? Кога моите шестгодишни деца ги слушаа како ќе не кренеле на клоци, беа збунети, потресени, вознемирени – напиша Јовановска.

Во една од „бомбите“ што ги објави премиерот Зоран Заев како тогашен опозиционер, а која се однесуваше на апсењето на Љубе Бошкоски, се слуша разговорот на Јанкулоска со Мартин Протуѓер, кои разговараат што по изборите.

Јанкулоска: Треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме.

Протоѓер: Како да ги сотреме?

Јанкулоска: Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институцииве. Еве, кај мене, на пример, тие што им биле обезбедување, нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.

Протоѓер: Не, не, не, вака сега, на главните луѓе тие што ни беа највака, треба показна вежба. И више на Билјана, на Томче, тие ги бркаме, му кажав на овој, од денеска на клоци.

Јанкулоска: Да, да, епа види овие што се џандарите од кај мене на пример му биле на листи на Љубе.

Протоѓер: Значи, тие луѓе најмногу што нѐ плукале. Другите оние обичните што се завеани, од некои други, и знаеш некои имало…

Јанкулоска: Да де, наше членство, што би рекол Б.Ц., гревови, го излажале. Ама Томче, не може бе цела фамилија во ПИОМ да му работи, Билјана не може, не знам…

Протоѓер: Тоа јас ќе го завршам.

Јанкулоска: Не знам оваа Наталија кај му работи, сите тие што му се вака најекспонирани треба вака да им се отчита лекција. И плус на комуњарите исто. Не може бе некој кај Рада у штаб вчера седи на прес, а да работи во институција државна. Е, сега, ја не ги знам кои се, ама претпоставувам. Треба една јака анализа, до формирање на нова влада да ги исчистиме.

Протоѓер: Дозволи.

Јанкулоска: Се претераа. Мислам душа ни извадија.