Јанушев: Се поткупуваат пратеници

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев обвини пред малку дека се прават обид за поткупување опозициски пратеници за да гласаат за уставните измени.

Тој го обвини Заев дека врши насилство врз македонскиот народ и порача дека тоа ќе му се врати како бумеранг.

Јанушев го повика ОЈО да преземе мерки затоа што, според него, се вршат притисоци врз пратениците.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ наведе пример дека на еден пратеник му биле понудени еден милион евра, кои тој ги одбил, а на друг пратеник му биле понудени два милиони евра…
-Сето ова е одбиено бидејќи достоинството нема цена. Се работи за нашата татковина. Дополнително се активираат полициски структури, структури на безбедносните служби, а околината на самото Собрание е под опсата на ликови со бричени глави кои се познати на подземјето, рече Јанушев.