Специјалното јавно обвинителство отвара седум нови истраги против 17 лица за повеќе кривични дела.
Ова го објави специјалната обвинителка Kатица Jанева, на почетокот на денешната прес-конференција.
Првата истрага е со кодно име „Странски служби“, против две лица за злоупотреба на службената положба и овластување. Обвинителката Фатиме Фетаи рече едниот е директен извршител, а другиот е поттикнувач.
Втората истрага е под кодно име „Друмарина“ против поранешна пратеничка. Осомничената поднесувала лажни фискални сметки од патарини до службите во собранието за да оствари корист од патни трошоци.