Јавната расправа за „Поткуп“ одложена на неопределено

Јавната расправа за случајот „Поткуп“, со кој е опфатен актуелниот премиер Зоран Заев, е одложена на неопределено време.

Апелацискиот суд во Скопје ја одложи расправата по жалбата на Заев, бидејќи еден од судиите во Советот – Африм Фидани, минатата недела беше назначен за врховен судија и сè уште не е решено кој ќе го замени.

Одбраната на обвинетиот Заев требаше да ги објасни аргументите зошто видеото од посебните истражни мерки, кои што се најстрога тајна на едно обвинителство – додека трае постапката, не може да се користи како доказ откако се најде на „Јутјуб“ и беше пренесено во медиумите.

Претходно, судијката од Основниот суд Скопје 1 – Дијана Груевска – Илиевска го одби барањето на Заев за изземање на снимките, поради што и  од овие мерки на обвинителството за организиран криминал, поради што беше поднесена жалбата до Апелација.

Судењето во Основниот суд треба да продолжи на 25 декември.

Заев не дојде на денешната седница на Апелација, бидејќи е на службен пат во Унгарија.