Ѕанакопулос: Договорот ќе помине во Парламентот, во спротивно немаше да го потпишеме

Очигледно е дека договорот ќе помине  во грчкиот Парламент, во спротивно немаше да го потпишеме, вели портпаролот на грчката влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио Реал фм.

Ѕанакопулос објаснува дека грчката влада сака во Парламентот да има колку е можно поголемо мнозинство „за овој многу важен договорот, што на најдобар можен начин затвора едно 25-годишно прашање“.

-Господинот Каменос и Независни Грци доставија предлог во врска со потребата за едно проширено мнозинство во грчкиот Парламент, за 180 пратеници. Овој предлог е на маса. Грчката Влада ги очекува резултатите на референдумот и обидот за уставна ревизија и штом ова се заврши на позитивен начин, ќе го сториме она што го предвидува договорот, да го донесеме во грчкиот Парламент, борејќи се за колку е можно пошироко парламентарно мнозинство, кое според мое мислење, е можно да се постигне, рече Ѕанакопулос за грчкото радио.