Шефот на црногорската дипломатија утре во посета на Македонија

Mинистерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Како што соопштија од МНР, предвидено е шефот на македонската дипломатија Никола Димитров со црногорскиот колега да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следат пленарните разговори меѓу делегациите на Mакедонија и на Црна Гора, на кои се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, како и за евро-атлантските интегративни процеси.

Во рамки на посетата предвидено е министрите да потпишат  Договор меѓу Република Македонија и Црна Гора, за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Предвидено е, задутре, на свечена церемонија, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, во Битола на Дармановиќ, да му ја додели титулата Почесен доктор на науки.