Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО

Во Владата на Република Македонија денеска, на покана на вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров, се одржа брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО, акредитирани во земјава.

Владината прес-служба соопшти дека брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на Република Македонија во Северно-атлантската алијанса и имаше за цел амбасадорите на земјите членки на НАТО да бидат информирани за досега преземените чекори, како и за претстојните активности во рамки на пристапниот процес за членство.

На средбата со амбасадорите, Шекеринска и Димитров детално ја презентираа Програмата за продолжување на реформите која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО Алијансата, се вели во соопштението од прес службата на Владата на РМ.