Тринаесет мртви во сообраќајната несреќа на патот Скопје-Тетово

Триесет и пет патници се хоспитализирани во Општата болница 8 Септември сместени во Траума центарот. Тринаесет од пациентите се мртви дознава „Независен весник“ од здраствените власти.

Директорот на Општата болница 8 Септември, Христијан Костов за „Независен весник“ изјави дека во болницата двајца од патниците ги донеле мртви,  а двајца со тешки повреди, починаа предмалку.

„Еден е во Интензивна му прават реанимација.  Дали ќе преживее не знам , другите се со рани и скршеници  во текот на ноќта  ќе им се извршат интервенции ама се  надвор од животна опаснот“, вели Костов.

Во Ургентниот центар пак се хоспитализирани четворица повредени  велат за „Независен“ оттаму.