Црвениот крст ќе дели пакетчиња

Новогодишен настан за 150 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства ќе се одржи денеска во организација на Црвениот крст и на Град Скопје.

На настанот ќе има Дедо Мраз кој заедно со волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје, на децата ќе им додели пакетчиња, а потоа тие ќе присуствуваат на кино-проекција на анимиран филм.

Настанот се организира во рамки на Хуманитарна акција „Да споделиме радост“, со која се опфатени 500 деца.