Ципрас по прв пат со вратоврска, дали е онаа што во неделата ја доби од Заев?

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас денеска за прв пат стави  вратоврска и се појави пред пратениците.

Ципрас го исполни старото ветување дека вратоврска ќе стави само кога ќе се најде решение за грчкиот долг и земјата ќе излезе од кризата.

Но, останува енигма, дали можеби вратоврската е онаа што во неделата ја доби во Преспа од неговиот македонски колега, со оглед на тоа дека бојата е иста.