„Хуманитарна“ акција во Косово: над 200 вратоврски за Харадинај

Режисерот Куштрим Мехмети на оградата на владината зграда во Приштина постави над 200 вратоврски што ги собра за два дена како контра одговор на изјавата на премиерот Рамуш Харадинај кој си ја зголеми платата со оправдување дека старата плата не му била доволна да си купи „вратоврски и кошули“. Мехмети во денешната акција пред новинарите изјави дека премиерот Харадинај кај оградата на владината зграда може да одбере која сака вратоврска и дека има залиха за целата наредна година.

За два дена покажавме голема солидарност со  владата и со премиерот. Ја започнавме иницијативата по изјавата на премиерот за неговата плата која за мене претставува омаловажување и понижување. Како организација преку оваа акција ќе побараме од премиерот да си ја намали платата. Тука има околу 300 вратоврски, значи за 300 денови има по една вратоврска. И друга работа, ќе побараме сите 72 заменици министри да ги отстрани од работа. Бараме од премиерот  да ја намали платата и во оваа барање ја има поддршката на народот. Ги ставивме тука вратоврските затоа што премиерот треба да ги види, а  тие што не му се допаѓаат нека ни ги врати, ќе му дадеме други. Ние нема да запреме тука, ние како млади образовани лица во Косово бараме да се почитува нашата волја, ако не не послуша тогаш младината нема да ја има пред себе туку против него“, изјави Мехмети.

За собирање на вратоврски и „солидаризирање“ со Харадинај на Фејсбук отворена е и акција со наслов „Премиере, ние сме тука да ти помогнеме“.