Хојт Ји ќе биде новиот американски амбасадор во Македонија

Хојт Ји ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија следната година, на местото на Џес Бејли, јавува „Ал Џезира Балканс“.

Информацијата ја потврдил Стеј департментот за дописникот на „Ал Џезира Балканс“ од Вашингтон.

Медиумите неколку пати пишуваа дека Хојт Ји ќе биде наследник на Џес Бејли, но амбасадата на САД во Македонија, ниту ги потврдуваше, ниту ги негираше овие информации.