Хороскоп: Откритие за стрелецот, акција за јарецот

ОВЕН: Месечината во Вага ви помага добро да ја канализирате својата енергија и да ги елиминирате активностите и врските кои ве истоштуваа. Потоа ќе имате поголемо време да го инвестирате во она што мислите дека навистина е важно.

БИК: Денес имате чувство дека минувате низ одредена транзиција, ги завршувате отпочнатите работи и правите планови за иднината. Сега е време за патувања, за менување на работата и за расчистување со старите врски. План.

БЛИЗНАЦИ: Се соочувате со промени и ја елиминирате вината и сите непотребни обврски. Вашата мисија е завршена и сега може да патувате, да контактирате со други култури и луѓе, но и да започнете сосема нова работа.

РАК: Денес сте решителни и правите стратегија за постигнување на своите цели – успешно ги користите своите таленти за да дојдете до саканото и да ги постигнете своите аспирации. Голема моќ на убедување, но и манипулација.

ЛАВ: Изнесувате на светлото на јавноста сè што сакавте да кажете до сега, а што беше потиснато. Со голема храброст погледнувате во себе си и своите желби и соништа и сфаќате дека е подобро да се обидете сега, отколку потоа да жалите.

ДЕВИЦА: Конечно ја постигнувате целта за која што се боревте веќе извесно време. Сè досега сметавте како да сте во волшебен круг од кој што нема излез, а успехот за малку ви бегаше од дофат – сега учите како да избегнете од тој круг.

ВАГА: Се ослободувате од некој систем од кој што бевте зависни на некој начин, а тоа може ви прави несигурност. Сепак сфаќате дека е време да поставите нови основи и да постигнете независност и автономија. Грижете се за себе. Здравје.

СКОРПИЈА: Понекогаш е потребна голема работа за да се добијат бенефиции – инвестирате во основните активности и внимавате на сите чекори за да не дојдете до потешкотии. Инвестиција во имот или штедење. Нова структура.

СТРЕЛЕЦ: Ова е момент кога ќе откриете многу важна работа за себе или за некој близок, па ќе ја смените перцепцијата за реалноста. Исто така, откривање на нови таленти, идеи и можности, како и ден кога ќе ги откриете плановите.

ЈАРЕЦ: Ова е ден за акција и означува иницијација на важен проект за ваша лична сатисфакција. Користејќи ги своите специјалности ќе добиете сила, а треба да ја следите својата сопствена волја. Експанзија во бизнисот. Шопинг.

ВОДОЛИЈА: Постигнавте стабилност и сега сте во мир со себе, чувствувајќи се задоволно со она што го надминавте и со можноста да си дозволите самите комфор. Добивате признанија од луѓето околу вас и се здобивате со смиреност.

РИБИ: Откако го постигнавте саканото и креиравте средина во која сте задоволни и останатите околу вас, сега е време да ги смените активностите и дневната рутина. Балансирајте со активностите и проширете го интересот.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com